Бо Мекејлеб: Не знам како бидна да играм за Македонија, ми се јави Лекиќ и прифатив

Поранешниот македонски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб потсетувајќи за деновите на настапи во репрезентативниот дрес на Македонија, во разговор за шпанските медиуми вели дека не се сеќава точно како одлучил да го прифати повикот, но знае дека не погрешил.

Мекејлеб во моментов е член на шпанска Сарагоса. Повторно се обидува да биде во топ форма, а со задоволство, како што вели, се потестува на деновите во македонската репрезентација.

„Да бидам искрен не знам баш како одлучив да земам македонски пасош. Знам дека разговарав со некои американски кошаркари тогаш и сите ми рекоа дека е многу полесно да се направи кариера во Европа ако имате пасош од земја од Стариот континент. Ми се јави тогашниот генерален секретар на МКФ, Дејан Лекиќ и јас без многу размислување прифатив да играм за Македонија“ – вели Мекејлеб.

Американецот вели дека никогаш нема да го заборави настапот на Европското првенство во Литванија, и освоеното четврто место со Македонија.

„Тоа беше сензација што го направивме. Па, во четвртфиналето го елиминиравме домаќинот Литванија. Тоа не е мала работа. Потоа одигравме добар натпревар и со Шпанија, но не издржавма на крајот. Сепак, тоа беа незаборавни моменти. Кога се вративме во Македонија не пречекаа 300.000 луѓе по улиците на главниот град. Цела Македонија беше пресреќна. Да бидам искрен се чувствував прекрасно. Никогаш претходно не можев да замислам дека ќе бидам ѕвезда во земја помала од Луизијана. Но, таква страст, таква радост, таква љубов кон спортот…, навистина беше прекрасно да се доживее“ – вели Мекејлеб.

Се вчитува...