Ричмонд Боачи е подарокот од управата на Црвена звезда за навивачите на овој клуб, откако „црвено-белите“ успеаја да обезбедат пласман во Лигата на шампионите. Станува збор за напаѓач кој до неодамна беше миленик на „делије“, но пред шест месеци беше продаден на тимот на Џиангсу Сунинг.
„Црвено-белите“ наплатија 5,5 милиони евра од неговата продажба, но голгетерот од Гана не се снајде најдобро во далечната Кина, постигнувајќи само три гола на петнаесет одиграни натпревари. Ова беше причина Кинезите да се согласат на негово предвремено заминување, па долгите преговори вродија со плод и беше договорено Боачи да пристигне на „Маракана“ како позајмен играч.
Црвена звезда се наоѓа во најтешката група од Лигата на шампионите, заедно со екипите на ПСЖ, Наполи и Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА