Боатенг дели животни лекции: Бев идиот, не тренирав, купував по три автомобили дневно

Поранешниот фудбалер на Милан и Барселона, Кевин Принс Боатенг говореше за тоа дека се кае за тоа по кој пат му се движела кариерата и дека доколку бил попаметен ќе направел многу поголема кариера.

„Не гледав на фудбалот како на работа. Бев идиот. Бев многу талентиран, но тренирав минимално, колку што мораше, по еден час на ден. Јас бев тој кој последен доаѓаше и прв заминуваше. Имав пари, живеев како крал. Тоа ми ја промени понатаму кариерата“, изјави Боатенг. 

Поради грешката во неговиот живот, Боатенг неговото искуство сака да им го пренесе на младите, како не би ја направиле истата грешка како него.

„Додека бев во Тотенхем, еден ден купив три автомобили. Ламборџини, хамер и кадилак. Не играв, имав семејни проблеми и среќата ја барав во материјалните работи. Еден автомобил те прави среќен една недела, купуваш три среќен си три недели. Денеска тоа им го зборувам на младите: Среќата не можеш да ја купиш со пари“, заврши Боатенг. 

Во моментов Боатенг настапува за италијанскиот прволигаш Фиорентина.

Се вчитува...