Фудбалерот на Баерн Минхен, Џером Боатенг, доживеа сообраќајна несреќа на патот од Лајпциг кон Минхен. Тој излетал од патот враќајќи се во Минхен по кусата посета на синот. За среќа, Џером минал без посериозни повреди, но не и неговиот автомобил.
Ќе мора да плати околу 25.000 евра за санирање на штетите на патот, како и за поправка на автомобилот.
Фудбалерите на Баерн Минхен поради коронавирусот ја одржуваат формата преку т.н. „сајбер тренинг“ од соптсвените домови, а поврзани онлајн со стручниот штаб и тренерот Ханси Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА