Боатенг по десет години заминува од Баерн Минхен

Германскиот гигант Баерн Минхен е подготвен да го продаде Џером Боатенг, фудбалер кој беше дел од сите големи успеси на клубот во изминатата децецнија. Германецот на „Алијанц“ стигна во 2011 година од редовите на Манчестер Сити. 30-годишниот стопер сезонава повторно имаше значајна улога во тимот, а по рестартот на сезоната беше еден од најстандардните во екипата на Ханси Флик.

Боатенг има уште една година од договорот со Баварците, па затоа од клубот сакаат да го продадат како би можеле да заработат од неговиот трансфер. За Боатенг има интерес од премиерлигашот Арсенал кој сака да ги пополни дупките кои ги има во одбранат.

Се вчитува...