Бобан: Еден играч од 100 милиони евра немаше да ги реши проблемите на Милан

Звонимир Бобан пред неколку месецеи се реши на храбар потег, напуштајќи ја комотната фотелја во ФИФА за да се врати во Милан, овојпат како директор задолжен за спортското функционирање на „росонерите“. Тој беше главен во преговорите за нови фудбалери, па иако Милан не доведе голема „ѕвезда“ во тимот, Бобан е убеден дека се донесени вистинските одлуки на пазарот летово.

„Ова беше тежок преоден рок. Нашиот фокус беше на млади фудбалери, тоа е дел од нашата филозофија. Верувам дека завршивме одлична работа, дека доведовме квалитетни фудбалери. Некој можеби очекуваше скапо платени ѕвезди, но мој став е дека ниту играч од 100 милиони евра не може сам да ги реши проблемите на Милан. Создадовме силен колектив што ќе работи напорно на враќање на клубот на посакуваните патеки“ – истакна Бобан.

Хрватот откри и зошто не се реализираше двата трансфери од Шпанија, оној на Лука Модриќ од Реал Мадрид и на Анхел Кореа од Атлетико Мадрид.

„Го познавам лично Лука, тој е голем фан на Милан, но неговиот трансфер беше невозможен за реализација. Причината не беше поврзана со пари, тој едноставно не сакаше да си замине од Реал по една слаба сезона. Што се однесува до Кореа, не постигнавме договор околу финансиите и овој трансфер не се реализираше“ – прокоментира Звонимир Бобан за весникот „Газета дело спорт“.

Се вчитува...