Бобан Георгиев промовиран во Радник Сурдулица (ФОТО)

Крилниот офанзивец Бобан Георгиев, по разделбата со Силекс, и официјално промовиран во српскиот суперлигаш Радник Сурдулица.

Георгиев се одлучи да ја прифати понудата од Радник и кариерата да ја продолжи во Србија, и покрај понудите од неколку домашни прволигаши.

„Задоволство ми е што доаѓам во клуб кој се натпреварува во најдобрата лига на Србија. Отсекогаш за мене беше предизвик да играм во шампионат против Партизан, Црвена Звезда, па затоа и сум тука да ги покажам моите квалитети“ – истакна Георгеив на промоцијата во новиот дрес.

Бобан Георгиев претходно во кариерата има настапи и за Брегалница и Металург.

Се вчитува...