Бобан го бара Манџукиќ во Милан

Милан реши да се вклучи во трката по Марио Манџукиќ, откако во текот на вчерашниот ден Баерн ги прекина преговорите за враќање на хрватскиот голгетер назад на „Алијанц Арена“.

Директорот Звонимир Бобан е свесен дека му е неопходен искусен напаѓач во тимот крај Пјонтек и младиот Леао, а Манџукиќ одлично се вклопува во замислите на својот сонародник. Веќе е испратена и првата понуда, за позајмица на една сезона со можност за откуп на договорот наредното лето.

Јувентус е принуден што поскоро да се ослободи од некој од прекубројните напаѓачи, откако Дибала одби бројни понуди, а и Игуаин реши да остане во Торино. „Старата дама“ ќе бара околу пет милиони евра за позајмицата на Манџукиќ, плус дополнителни десет за евентуален откуп на договорот, па интересно ќе биде да се види дали двата италијански гиганти ќе се договорат за овој трансфер.

Се вчитува...