Бобан ќе оди на се или ништо за да си ја спаси кариерата во Милан

Милан календарската година ја заврши на најлош можен начин со гостински пораз од 5-0 од Аталанта. Раководството на клубот има уште време да реагира до крајот на сезоната и со засилувања да го поправи впечатокот во вториот дел од шампионатот.

Звонимир Бобан преку неколку интервјуа даде до знаење дека главната мета на клубот во јануарскиот преоден рок е Златан Ибрахимовиќ, но сега „Скај спортс“ пренесува дека Бобан ќе мора да оди на се или ништо. Па токму затоа се уште течат преговори со Барселона за Тодибо.

Каталонскиот тим е подготвен да го продаде, но остава на него да го одбере клубот каде ќе ја продолжи кариерата затоа што во моментов го бараат уште неколку европски гиганти, вклучувајќи го и Манчестер јунајтед. „Скај“ повторно потврдува и дека Ибрахимовиќ е на прагот на враќање во Милан.

 

 

 

Се вчитува...