Бобан Марјановиќ се враќа во Европа?

Српскиот кошаркар, Бобан Марјановиќ неодамна беше трејдан од редовите на Далас Маверикс во Хјустон Рокетс. Италијанските медиуми пренесуваат дека Србинот, сепак нема да ја продолжи кариерата во НБА и дека ќе направи кам-бек во Европа.

Интерес за 221 центиметар високиот центар покажала Виртус Болоња која има големи амбиции во сезоната во која се враќа во Евролигата. 30-годишниот репрезентативец на Србија ќе се обиде да го донесе во своите редови Болоња како би го појачала „рекетот“.

 

Се вчитува...