Бобан Марјановиќ тотално полуде – Сакаше да се тепа со навивачите, но Дончиќ го спречи (ВИДЕО)

Сррпскиот кошаркар Бобан Марјановиќ се впушти во физичка пресметка со навивачите на Крка во поразот на неговиот тим. КК Илирија загуби со 97-74 и го заврши учеството во полуфиналето од словенечкиот плеј-оф со 2-1 во серијата.

Шест минути пред крајот на натпреварот, кога Крка водеше со 83-63, Марјановиќ направи прекршок врз Блажо Маховиќ, за што мораше порано да оди во соблекувалната.

На пат кон соблекувалната, српскиот центар, кој сè уште беше очигледно вжештен, беше исвиркан од навивачите на противничкиот тим со очигледно навредливи извици кон него, што предизвика реакција кај Марјановиќ.

Кошаркарот сакаше да се пресмета со некого на трибините, но Саша Дончиќ, таткото на Лука Дончиќ, и редарите успеаја да спречат поголем инцидент.

Искусниот центар го заврши натпреварот со дабл-дабл ефект, со 12 поени и 15 скока, и беше најинспиративниот играч на Илирија.

Се вчитува...