Бобан: Немаме големи имиња? Па, кој знаеше кој е Кака кога доаѓаше во Милан?

Спортскиот директор на Милан, Звонимир Бобан во интервју за „Кориере дела сера“ зборуваше за комплетните планови на тимот во иднина, и амбициите за враќање во врвот на италијанскиот фудбал.

„Ќе треба време, но ќе одиме со логични потези за разлика од чудните одлуки од последниве години. Поради тоа ќе се вратиме на врвот и побрзо од што некои мислат. Не сакам нашата скромност да се замени со недостаток на амбиции, но новите сопственици донесоа стабилност и затоа и ние сме тука“ – вели Бобан.

Милан се повлече од Лига Европа како би излегол на крај со финансискиот фер-плеј. Во исто време, неговиот градски ривал сериозно вложува во тимот…

„Работиме најдобро што можеме. Имајте на ум дека големите имиња не се секогаш најдобри фудбалери. Кој знаеше кој е Кака кога доаѓаше во Милан? Мислам дека до крајот на нашиот пат ќе им дадеме на нашите навивачи многу причини за радост“ – вели Бобан.

Се вчитува...