Бобан Николов го скрши отпорот на МТК

Бобан Николов одигра одличен натпревар за МОЛ Види на градското дерби со МТК Будимпешта, предводејќи го својот тим до победа од 4-2.

Македонскиот играч за врска беше меѓу најдобрите на теренот, одличната партија крунисувајќи ја со погодок во второто полувреме. Гостите одолеваа на притисокот на фаворитот се до 63. минута кога Николов погоди во клучен момент за МОЛ Види, носејќи му предност на својот тим од 2-1. Гостите потоа останаа со играч помалку на терен, а Николов и соиграчите знаеја како да го искоористат тоа за да стигнат до заслужена победа.

МОЛ Види останува цврсто на второто место на табелата, зад Ференцварош во чии редови настапува уште еден македонски репрезентативец, Стефан Спировски.

Се вчитува...