Бобан Николов на „радарот“ на италијанска Бреша

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов е пред можна преселба во Серија А. Новопромовираниот член на најсилната италијанска лига, Бреша е сериозно заинтересирана во своите редови да го види фудбалерот од средниот ред на унгарски Мол Види.

Како што пренесува италијанскиот „Тутомеркато“, Бреша веќе подолг период ги следела настапите на Николов и за Мол Види и во дресот на македонската репрезентација, па по освојувањето на Серија Б и пласманот во Серија А за новата сезона веќе е активирана и понудата за ангажман на македонскиот фудбалер во висина од еден милион евра!

Наредниот период се очекува договор меѓу двата тима околу финансиските услови под кои Николов би заминал од унгарскиот тим и би се преселил во атрактивната Серија А.

Се вчитува...