Јуриј Вернидуб, тренерот на Шериф, кој беше хит во Лигата на шампиони оваа сезона, си замина од клубот и замина во Украина да ја брани својата земја од нападите во Русија.
Вернидуб е роден во Украина, во градот Житомир, а објави фотографија со воена униформа.
Ова заминување во војна на Вернидуб доаѓа после светската сензација во која Шериф успеа да го совлада Реал Мадрид и тоа на „Сантијаго Бернабеу“. Потоа Шериф отиде во Лигата на Европа, и го направи најголемиот успех на молдавскиот фудбал.
Ова значи дека Бобан Николов останува без предводник, а колку неговиот тренер ќе биде на „фронтот“, останува да се види.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА