Бобан Николов потпиша за Шериф Тираспол (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов кариерата ја продолжува во молдавскиот шампион Шериф Тираспол.

По завршувањето на кратката епизода во италијански Лече, Николов се одлучи кариерата да ја продолжи во еден од најдобрите клубови од Источна Европа кој е пред влез во групната фаза од Лигата на шампионите откако на првиот дуел од плеј-оф рундата славеше со 3-0 против Динамо Загреб.

„Екипата на Шериф со задоволство го пречекува Бобан Николов и му посакува блескави натпревари и успеси во црно-жолтиот дрес“ – се вели во информацијата на Шериф Тираспол за договорот со македонскиот фудбалер.

Николов претходно во кариерата настапуваше и за Академија Хаџи и Виторул во Романија, како и Вардар и Мол Фехервар во Унгарија, пред да се пресели во Лече.

Се вчитува...