Поранешниот македонски репрезентативец Бобан Николов, по долго време, конечно со вистинска минутажа и погодок на фудбалските терени.
Николов се најде во првиот тим на Кишварда во 1/16-финалето од Купот на Унгарија, постигнувајќи го и својот прв гол во дресот на новиот клуб. По половина час игра Кишварда веќе има водство од 0-4 на гостувањето против нисколигашот Унионе, па веќе со сигурност е во осминафиналето во унгарскиот куп. Николов беше стрелец на првиот гол за гостите во 13. минута од средбата.
Николов настапи до 60. минута на дуелот, кога беше повлечен од игра. Во стартниот тим на Кишварда е и македонскиот младински репрезентативец Марио Илиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА