Бобан Николов со Види непоразен во Шведска

Македонскиот интернационалец Бобан Николов со унгарскиот првак Види остана непоразен (1-1) на гостувањето во Шведска против Малме. Ова на Унгарците им дава одлична можност за пласман во плејоф колото од Лигата на шампионите.

Бобан Николов го одигра целиот натпревар во дресот на Види Мол и заработи жолт картон.

Малме поведе со голот на Андерс Кристијансен во 62.минута, но Види израмни само девет минути подоцна преку Лоик Него. Реваншот ќе се игра за седум дена во Унгарија.

Се вчитува...