Бобан Николов стрелец за Мол Фехервар

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов беше стрелец на погодок во триумфот (1-3) на Мол Фехервар на гости против Диосѓер. Тој ја погоди противничката мрежа во 86.минута за потврда на победата на лидерот на табелата во унгарскиот шампионат. Во одбраната на Мол Фехервар беше и Висар Муслиу.

Мол Фехервар е првопласиран на табелата со 29 бода и подобра гол – разлика од Ференцварош, но ривалот има одиграно два натпревари помалку.

Се вчитува...