Бобан Николов во друштво на Панчев, Пандев, Адеми, Тричковски…

Со голот против Шахтјор синоќа, Бобан Николов влезе во друштвото на најдобрите во Лигата на шампионите. Тој е само осмиот играч од Македонија кој постигнува гол во Лигата на шампионите во историјата.

Бобан Николов сега е во друштво со Дарко Панчев, Горан Пандев, Тони Савевски, Бошко Ѓуровски, Аријан Адеми, Иван Тричковски и Агим Ибраими.

Николов вчера влезе во 46. минута, и постигна гол во судиското надополнување, за еден бод за Шериф, што беше седми во групата, со кој Шериф ќе игра во Лигата на Европа. А, Бобан Николов добро знае како е да се биде дел од ова натпреварување, затоа што беше со Вардар и со Фехервар.

Се вчитува...