Бобан Николов во финалето на Купот на Молдавија

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов, со неговиот тим Шериф може да ја освои двојната круна, откако неговиот тим се палсираше во големото финале на Купот на Молдавија.

Шериф денеска како гостин го совлада тимот на Динамо-Ауто, и со тоа обезбеди борба за големиот пехар со подобриот од дуелот Милсами – С. Георге. Николов на денешниот натпревар остана на клупата, и не доби шанса за настап.

Шериф исто така е пред шампионска промоција во првенството, со оглед дека на три кола до крајот има предност од осум бодови на врвот на табелата.

Се вчитува...