Бобан откри зошто Милан го избрал Пиоли пред Спалети

Милан стартуваше слабо во новата сезона, што придонесе „росонерите“ експресно да се решат за тренерска смена. Џампаоло доби отказ, но се погласни се критиките на адреса на клупските легенди, Паоло Малдини и Звонимир Бобан, во кои се бара дел од вината за слабите игри и резултати.

„Работиме многу на премногу аспекти, правиме се за Милан повторно да биде голем клуб. Јасно ни е дека мора се да биде подобро од моментната ситуација, но за тоа да се случи треба сите заеднички да работиме. Немаме волшебно стапче, јас и Малдини сме тука за да помогнеме со своето фудбалско знаење клубот да се врати на врвот. Засега работите не одат како што треба, но има голем простор за напредок“ – вели Бобан.

Хрватот се осврна и на изборот на нов тренер, откако „росонерите“ за наследник на Џампаоло го именуваа Стефано Пиоли и покрај гласните негодувања од страна на навивачите.

„Стефано Пиоли беше најдобро решение на пазарот. Се пишуваше дека сме го избрале бидејќи не сме можеле да стигнеме до Спалети, но тоа не е точно. Спалети е одличен тренер, но Пиоли е силен карактер кој има одлични фудбалски идеи, многу пати се нафаќал за тежок предизвик и одговарал добро во таквите ситуации“ – прокоментира Звонимир Бобан.

Се вчитува...