Боби Божиновски ќе ја спасува Македонија ЃП

Поранешниот долгогодишен фудбалер на клубот, Боби Божиновски е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Македонија ЃП.

44-годишниот Божиновски ја презема клупата на „лавовите“ по заминувањето на Бобан Грнчаров. Божиновски, беше и дел од стручниот штаб на Грнчаров изминативе години, а сега ја доби довербата во обидот да го спаси клубот од испаѓање оваа сезона.

По турбулентните денови меѓу „црвено-жолтите“ од клубот и информациите дека подмирени се долговите кон фудбалерите, а во следниот период ќе бидат комплетирани и организациските структури во спортскиот дел.

Македонија ЃП до крајот на сезоната ја чека жестока битка за опстанок. Во моментов „лавовите“ се на осмата позиција на табелата, на само три бода пред зоната за испаѓање.

Се вчитува...