Боби Диксон по пет години замина од Фенербахче (ФОТО)

Американскиот плејмејкер со турски пасош Боби Диксон по пет години поминати во Фенербахче ќе си замине од клубот, потврди истанбулскиот тим. 38-годишниот бек беше дел од „сино-жолтите“ од 2015 година и со клубот освои голем број на титули меѓу кои и Евролигата во 2017 година.

Најдобрата сезона во дресот на Фенербахче ја одигра во сезоната 2015/16 кога во Евролигата бележеше просек од 11.4 поени и 3.6 асистенции. Претходно во својата кариера Американецот настапуваше за осум клуба, меѓу кои и Сент-Етјен, Граелин, Бенетон, Ле Ман, Асвел и Каршијака.

Се вчитува...