ЕКИПА во Кардиф, Велс
Владимир Булатовиќ
Низ опсежната прес-конференција во Кардиф во очекување на денешниот одлучувачки натпревар околу позициите на Велс и Македониија пред баражот за СП 2026, македонскиот селектор Боби Милевски, меѓу бројните прашања на кои одговораше, се осврна и на актуелна ситуација која деновиве пред крајот на мундијалските квалификации го оптоварува фудбалскиот свет на Стариот континент.
Италијанскиот селектор Џенаро Гатузо, чија селекција повторно ја очекува бараж соочувајќи се со можност за ново неучество на Мундијал, вчера истакна дека Европа, како континент каде се игра најдобриот фудбал, заслужува многу повеќе места на Светските првенства.
Па, велшките новинари ги интересираше мислењето и на македонскиот селектор Благоја Милевски на оваа тема, ако се знае дека заедно со Македонија и Велс, уште бројни врвни селекции како Италија, Турција, Украина, Полска, Австрија, Чешка… ќе мора да играат бараж за пласманот на Мундијалот следната година.
„Да, Европа заслужува многу повеќе места на светските првенства, ако јас се прашувам… Но, тоа секако се одлучува на едно повисоко ниво. Јас само се надевам дека во блиска иднина Европа ќе добие повеќе места на светските шампионати, затоа што согласно квалитетот на фудбал тука, го заслужува тоа“ – истакна македонскиот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

