Боби Целески го напушти албанскиот шампион Теута, неколку понуди за враќање на македонската клупска сцена

Поранешниот младински репрезентативен голман, Боби Целески се раздели со албанскиот шампион Теута.

24-годишниот македонски интернационалец одлучи да ги напушти редовите на Теута на сопствено барање, по што согласно најавите се очекува негово враќање на домашната фудбалска сцена. Целески има неколку понуди од македонски клубови, поради што се очекува до крајот на сезоната повторно да биде дел од македонскиот клупски фудбал, пред нов старт на интернационалната кариера ако се знае дека и сега има понуди и од клубови од САД.

Еден од најталентираните македонски млади голмани претходно во својата кариера настапуваше и за Македонија ЃП на домашната фудбалска сцена, како и италијанскиот Гросето.

Се вчитува...