Бод за Јунајтед што му дава предност пред Лестер во битката за ЛШ

Манчестер Јунајтед ремизираше против Вест Хем (1-1) на „Олд Трафорд“ и освои бод со кој во моментот се искачи на третото место, но најважно е што има предност во пресрет на гостувањето кај Лестер во последното коло, во директната пресметка за пласман во Лигата на шампионите. На „црвените ѓаволи“ сега им е доволно да не загубат и да обезбедат пласман во елитното европско клупско натпреварување.

Вест Хем поведе со голот на Михаел Антонио од пенал во последните мигови од првото полувреме. Пол Погба играше со рака во сопствениот шеснаесетник и беше досуден пенал за гостите.

Во вториот дел, по една одлична акција со Антони Марсијал, младиот Мејсон Гринвуд во 51.минута донесе израмнување. Со овој гол стигна до цифрата од десет и е најмладиот во историјата на Манчестер Јунајтед на кого тоа му успеало во Премиер – лигата.

Се вчитува...