Бодрете ја Македонија во најважниот натпревар за пласман на Евробаскет 2025 за 250 денари

Македонската кошаркарска репрезентација на отварањето на квалификациите за пласман на Евробаскетот 2025 година ќе го одигра најважниот натпревар за исполнување на амбицијата – пласман на континенталниот собир по десет години пауза.

За противник избраниците на Александар Јончевски ќе ја имаат незгодната Естонија, репрезентација против која во последните пет меѓусебни натпревари забележавме четири порази. Естонците на 23. февруари во СРЦ „Кале“ ќе гостуваат со евролигашки кошаркари и кошаркари кои настапуваат во едни од најсилните првенства на „стариот континент“ па потребна е поддршка од преполната сала, поддршка од која што стравува и самиот естонски селектор Јука Тоијала.

Билетите кои се по цена од 250 денари од денеска се официјално пуштени во продажба на онлајн платформата „мктикетс“.

Се вчитува...