„Бог не постои, не ме интересира с*кс, сите ќе бидеме чипирани!“

Поранешниот најдобар тенисер во светот, Русинот, Марат Сафин по кариерата живее осамен живот. Највеќе сака да е сам, но не бега од луѓето кои ги смета за блиски. Сепак, голем поборник е и на теориите на заговор.

„Мислам дека сите не подготвуваат да бидеме чипирани. Бил Гејтс уште во 2015 година кажа дека ќе има пандемија, дека следниот непријател ни е некој вирус, а не нуклеарна војна. Не верувам дека Гејтс е видовит, тој само знаеше што ни се подготвува. Ситуацијата со вирусот не е таква како што ни ја претставуваат. Има луѓе кои веруваат дека се ближи крајот на светот, јас не. Само мислам дека наскоро ќе не чипираат. Религијата не постои. Сите знаат дека тоа се измислени работи како би можеле да бидат користени. Дали навистина мислите дека таму негде има Бог и ѓавол дека одлучуваат кој и каде ќе оди? Тоа е глупост. Немам девојка, немам ниту жена. Не сум веќе дете, крвта не ми врие и не ме интересира сексот“, изјави Сафин. 

Сафин во кариерата освои два грен-слем турнира, Австралија опен и УС опен, а играше полуфинале и на Ролан Гарос и Вимблдон.

Се вчитува...