Богатинов на местото на Димитриевски во националниот тим

Чуварот на мрежата на кипарски Етникос Ахна, Мартин Богатинов е повикан во националниот тим на местото Столе Димитриевски за пресметките со Ерменија и со Грузија на стартот од Лигата на нации.

34-годишниот Богатинов ќе биде замената за Димитриевски кој отпадна поради позитивен тест на Ковид-19.

Богатинов од 2016 година не бил дел од националниот тим за кој претходно има 18 официјални настапи.

Се вчитува...