Богатинов уште една сезона во Етникос Ахна

Етникос Ахна испадна од елитната фудбалска дивизија на Кипар, но поранешниот репрезентативен голман Мартин Богатинов и покрај тоа одлучи да го продолжи договорот со овој клуб за уште една сезона. Со негова помош Етникос Ахна се надева дека експресно ќе се врати во прволигашкото друштво.

Богатинов од 2015 година го носи дресот на Етникос Ахна, а претходно беше и на голот на Ермис во кипарскиот шампионат. Тој во 2010 година дебитираше за македонската фудбалска репрезентација за која одигра 18 натпревари.

Неговиот клуб Етникос Ахна на интересен начин со видео-материјал го најави потписот на новиот договор.

Се вчитува...