Богдановиќ до Швед: Не е важно кој дава 30 поени, туку кој игра во финале

Богдан Богдановиќ останува во фокусот на европската кошаркарска јавност по одличното издание во финишот од полуфиналето против Русија. Во една од бројните изјави за новинарите Богдановиќ откри за што разговарал со Алексеј Швед при поздравот по завршувањето на натпреварот.

Тој ми кажа дека сум луд, јас му реков ’мајсторе, не е важно кој дава 30 поени, туку кој игра во финале’. Луѓе мои, не знаете колку го сонував ова“  – порача Богдановиќ.

Се вчитува...