Богдановиќ добива богат договор од Детроит Пистонс

Хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ договори продолжување на соработката со Детроит Пистонс, пренесуваат американските медиуми.

Искусниот бек ќе потпише двогодишен договор со Пистонс, вреден 39.1 милион долари. 33-годишникот во клубот од Мичиген дојде пред почетокот на сезоната во трејд, откако три сезони претходно беше дел од Јута Џез.

Хрватскиот репрезентативец во НБА дебитираше во 2017 година во дресот на Бруклин Нетс, а играше и за Вашингтон Визардс и Индијана Пејсерс.

 

Се вчитува...