Богдановиќ: Се палиме во соблекувална, а губиме без испукан куршум

Хрватска го заврши својот настап на Евробаскет 2017 во осминафиналето, откако загуби убедливо од Русија со 101-78. „Коцкестите“ се држеа две четвртини, но потоа имаа страшен пад во играта, а Алексеј Швед и другарите тоа знаеја да го искористат.

Бојан Богдановиќ, еден од најдобрите кошаркари на Хрватска, е комплетно разочаран од изданието на својот тим.

„Оваа селекција како да нема победнички карактер. Изгубивме без испукан куршум. Противникот ни даде над сто поени, а ние не направивме чесно ниту фаул. Ова е недозволиво, беше страшно, очајно… Со денови зборуваме дека ова ќе биде „Денот Д“, се палиме во соблекувална, а потоа излегуваме на терен и ни се случува ова“, изјави разочарано Бојан Богдановиќ.

Се вчитува...