Богдановиќ низ солзи: Жалам што немав повеќе сила во финишот

Богдан Богдановиќ повторно беше прв стрелец на српскиот национален тим, но тоа не е никаква утеха по поразот во финалето, особено ако се знае дека одличниот шутер ги промаши последните три обиди на натпреварот.

„Многу ми е криво што немав повеќе сила во финишот. Тоа е тоа… многу ни е тешко по еден ваков пораз, но ќе издржиме. Тешко е да се каже нешто паметно по загубено финале, иако и среброто е успех жалам што немав повеќе енергија да погодам кога беше најважно. Благодарност до навивачите кои дојдоа да ни дадат поддршка, честитки до Словенците, кои одиграа машки во финалето. За нас ова е голем успех и значајно искуство, дадовме максимум и покрај бројните проблеми, но верувам дека еден ден ќе се најдеме во подобра позиција за злато“ – низ солзи изјави Богдановиќ по вечерашниот пораз.

Се вчитува...