Богдановиќ: Ова е директен атак кон Работнички… Нема да дозволиме МКФ да биде за едни мајка за други маќеа

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ го повтори вчерашниот став на КК Раб0тнички околу одлуката на МКФ за одбивање на регистрација на Американецот Ксавиер Џонсон, кој и покрај потпишаниот договор нема да може да настапува за „центарци“ сезонава.

И градоначалникот на Центар, како сопственик на КК Работнички, повтори дека ќе се поднесе жалба на ваквата одлука на Арбитражната комисија, но и ќе има кривични пријави против челниците на МКФ доколку не ги суспендираат клубовите должници.

„Повторуваме дека ќе има кривични пријави за челниците на МКФ доколку не се суспендираат должниците. Нема да дозволиме МКФ за едни да биде мајка за други маќеа. Ние како општина Центар сме 100% сопственици на клубот и секако сме засегнати од сите овие одлуки. Оваа моја реакција денеска е затоа што сакам од МКФ максимално сериозно да ја сфатат целата ситуација. Не може да не се дозволи регистрација на странски играчи, иако од КК Работнички ги имаме запазено сите процедури, вклучувајќи го и временскиот рок. Веднаш поднесовме жалба, и истата беше одбиена. МКФ, за жал, донесе еднострана одлука. Затоа ние поднесуваме второ барање, да го почитуваат правилниците кои тие сами ги донеле, односно секој кој нема регулирано одредени надоместоци кои ги должи, да биде суспендиран. Ако не постапат согласно правилникот кој сами го донеле, ќе поднесеме кривични пријави и веќе сме подготвени на тоа“ – истакна Богдановиќ на денешната прес-конференција пред канцелариите на Македонската кошаркарска федерација.

„Секогаш досега сме имале разбирање за ваквите работи, само во интерес на кошарката, но нема да дозволиме во интерес на друг да се носи штета на Работнички. Ова е директен атак на клубот. Ние обезбедивме средства, носиме играч за да се засилиме но некои силно удираат на нас само во интерес на трети страни… Нема да го дозволиме тоа!“ – рече Богдановиќ.

Се вчитува...