Богдановиќ: Почнуваме со реорганизација… Работнички ќе биде бастион за производство на играчи

Раководството на најтрофејниот кошаркарски клуб Работнички денеска одржа прес-конференција на која говореше за планот на клубот во наредниот период. Градоначалникот на општина Центар и прв човек на клубот, Саша Богдановиќ вели дека време е за реорганизација како клубот би се вратил на старите славни патеки.

„Како раководство максимално се потрудивме играчите да бидат исплатени во последните две години нешто што не се случило во последните 20. За жал не успеавме да го оствариме посакуваниот резултат оваа сезона во домашното првенство, купот и АБА 2. Затоа ќе почнеме со реорганизација во сите сфери од прв тим до младински категории. Единствено нешто што бараме со луѓето со кои ќе разговараме следниот период е да бидат целосно посветени. Од следната сезона имаме најави за сериозни спонзори, но без целосна посветеност секој напор ќе биде џабе. Разговараме со играчи и тренери и веќе од следната сезона ќе гледаме да направиме млад тим за враќање на клубот таму каде што припаѓа. Едно од ветувањата беше изградба на спортска сала и ние како раководство сме подготвени за тоа и можеме да дадеме половина од средствата. Постои еден проблем, а тоа е што земјиштето до салата е предвидено изградба на катна гаража, но веќе почнавме со процес за преземање на земјиштето. Доколку не беше тој проблем досега ќе имавме барем започнато со иградба, но се надевам дека набргу ќе го решиме спорот и ќе изградиме сала“, вели Богдановиќ. 

Богдановиќ додава дека младинската школа треба да биде главниот расадник на млади таленти во Македонија, нешто по што Работнички беше познат во минатото.

Нашата идеја е да го освежиме клубот. Сакаме најсилен тим . Се виде дека домашните играчи се подготвени да дадат се од себе. Тоа не значи дека ќе се свртиме само на млади туку и на искусни играчи. Целта не е да направиме само скап тим туку да произведеме квалитетни играчи, нешто што секогаш било прва опција на Работнички. Ние досега имавме концепт до кој беа вклучени млади играчи, но и самата ситуација влијаеше на тоа да не успееме да произведеме играчи со прекинот на младинските школи. Од четири години само две можевме да работиме на тоа. Новиот стратег ќе работи на тој план со вклучување на играчи од младински лиги. Од самото доаѓање тука работнички да ги доби сите услови да биде бастион за вадење на играчи. Кога го преземавме клубот младинската школа беше уништена, но работиме да ја поправиме со вклучување на договори за нова сала, опрема и веќе имаме резултати. Работнички треба да биде инкубатор на играчи. Во изминатите четири години добивме просторни услови, термини кои се најударни од зависност на годишната група на децата. Нашата идеја и желба е тоа да расте, а ако го вратиме земјиштето ќе изградиме наш центар. Во иднина тој ќе биде задолжен за развивање на играчи. Целта е повторно да имаме втор тим и тој да ги развива играчите за првиот.

 

Се вчитува...