Богдановски од Работнички се сели во Спартак Трнава

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Стефан Богдановски својата кариера ја продолжува во словачкиот прволигаш Спартак Трнава.

19-годишниот Богдановски, досегашен член на младинскиот тим на Работнички, потекнува од фудбалската школа на ФК Професионал, од каде се пресели во редовите на „романтичарите“.

Офанзивниот фудбалер за врска досега мина поголем дел од пионерско-кадетските репрезентации на Македонија, па по настапите за Работнички се одлучи за почеток на интернационална кариера.

Се вчитува...