Бојан Димоски: Македонија овој септември доби нов лик со некои нови играчи

ЕКИПА во Малта,

Горан Бошев

Младиот Бојан Димоски на најдобар можен начин ја оправдата на селекторот Благоја Милевски низ двата септемвриски натпревари потврдувајќи дека е секако иднина на националниот тим.

Димоски за првпат беше стартер за македонската селекција со нов квалитетен меч за себе во победата над Малта.

„Многу ни беше важно да го отвориме рано резултатот и тоа беше договорот и насоките од селекторот пред мечот, затоа што знаевме дека ќе биде тешко против вакви репрезентации. Но, покажавме карактер и квалитет и со тактички мудра игра сосема заслужено. Знаевме дека ќе биде тешко затоа што денеска сите играат фудбал, но пресуди тимскиот дух и квалитетот за заслужени три бода“ – вели Димоски.

Македонија овој септември добива нов лик со неколку нови играчи кои вистински ја оправдаа довербата.

„Да, добивме еден нов лик во тимот со еден микс на поискусни и помлади играчи, имаме новоповикани кои одлично се вклопија во соблекувалната и убаво е што тој лик изгледа победнички со два добри натпревари. Одиме чекор по чекор и се надевам дека и следните натпревари ќе го покажеме најдоброто од нас“ – вели Димоски.

Се вчитува...