Бојан Димоски: Се носевме против Англија и Италија, сметам дека можеме и против Чешка

Македонскиот фудбалски национален тим одбројува до последниот натпревар пред почетокот на Лигата на Нации во септември. Противник на избраниците на Благоја Милевски е селекцијата на Чешка, со која играме задутре во Храдец Кралове.

За Чесите ова ќе биде последната контрола пред настапите на Европското првенство, каде се во група со Португалија, Грузија и Турција.

Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски, рече дека Македонија мора да ја поправи тактичката дисциплина, како и грешките кои се појавија на дуелот со Хрватска, ако сака добар резултат против Чешка.

„Мора да се поправи тактичката дисциплина, мора да се поправат сите недостатоци, кога се игра против такви репрезентации на такво ниво. Чешка добро ја анализиравме, тоа е нивниот последен контролен натпревар пред ЕП, тие ќе влезат како да играат на ЕП, но тоа е за нас последна контрола пред Лигата на Нации. Покажавме дека знаеме да се носиме со силни репрезентации, како против Англија и против Италија, и верувам можеме да се носиме и против Чешка. Станува збор за доста физички и тркачки подготвена репрезентација, но и ние имаме добри страни и се надевам дека ќе ги искористиме и ќе стигнеме до добар резултат“, изјави Димоски.

Се вчитува...