Бојан Крстевски го засили Куманово

Куманово успеа да обезбеди уште еден значаен потпис за наредната сезона откако куп-финалистот ги договори условите за ангажман со Бојан Крстевски.

Искусниот центар неколку сезони наназад освои се што можеше да освои со МЗТ Скопје, но летово ги напушти редовите на шампионот откако од управата само со емаил порака му беше порачано дека „металците“ повеќе нема да сметаат на неговите услуги.

Крстевски имаше неколку интересни понуди на маса, во игра меѓу другите беа и Работнички и Кожув, но ветеранот се реши да ја прифати понудата на Куманово, па следната сезона ќе биде дел од четата на Марин Докузовски.

Тој е второто домашно засилување за кумановци летово откако „сино-белите“ уште пред извесно време го договорија и трансферот на Бобан Стајиќ од Пелистер.

Се вчитува...