Бојан Маркоски ќе го води Етникос

Поранешниот играч на Етникос Ахна, и поранешен репрезентативец Бојан Маркоски, е назначен за в.д. тренер на Етникос. Тој доаѓа на местото на досегашниот тренер Елиас Хараламбус.

Етникос е на последното месот на табелата во кипарсиот шампионат, а Маркоски денеска ќе ја води екипата на дуелот со Олимпијакос Никозија на домашен терен.

Не е исклучено Маркоски да остане на клупата и подолго време, односно да продолжи да ја води екипата. Маркоски откако ја заврши кариерата, е помошник тренер во Етникос. И минатата сезона неколку кола му беше доверена довербата да ја води екипата, која на крајот успеа да обезбеди опстанок во првенството.

Во моментов во Етникос брани Мартин Богатинов, но вечерва е под знак прашалник поради повреда.

Се вчитува...