Бојан Миовски потпиша четиригодишен договор со шкотски Абердин!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски својата кариера ја продолжува во еден од најславните шкотски клубови, Абердин!

22-годишниот Миовски и официјално потпиша четиригодишен договор со шкотскиот премиерлигаш, продолжувајќи ја својата кариера од унгарски МТК на Островот.

„Може да потврдиме дека ги договоривме личните услови со Бојан Миовски кој ќе се приклучи во Абердин потпишувајќи четиригодишен договор“ – информираа официјално од шкотски Абердин.

Абердин, заедно со Селтик и Глазгов Ренџерс, е најдобриот клуб во Шкотска. Во 80-те години од минатиот век под палката на сер Алекс Фергусон освои три титули шампион на Шкотска, еден КПК и еден европски Суперкуп.

Бојан Миовски, кој потекнува од фудбалската школа на штипска Брегалница, претходно во својата кариера има настапи и за азербејџански Карабах, како и за Работнички, Македонија ЃП и Ренова во македонскиот шампионат.

Се вчитува...