Бојан Трајковски: Да ги заборавиме поразите, одиме по победи во Талин

Бојан Трајковски сигурно ќе биде еден од кошаркарите кои ќе имаат значајна улога на претстојниот двомеч од квалификациите за Евробаскет против селекциите на Италија и на Естонија. Искусниот крилен центар ги пропушти првите средби, но сега се враќа на списокот на селекторот Тодоров за да помогне во клучните пресметки за задржување на шансите за Евробаскет 2021.

Нормално дека сите сме загрижени бидејќи не знаеме кој ќе патува во Естонија, коронавирусот создава тензија, еве на првите два теста во Скопје сите сме негативни, се надевам дека исто ќе биде случај и на третиот тест и сите ќе отпатуваме за Талин. Прв ривал ни е Италија, од она што го видов околу составот тоа е репрезентација од играчи кои не ни се познати. Тоа никако не смее да не залаже бидејќи пред себе ќе имаме тежок ривал, мораме да влеземе во секој натпревар максимално подготвени, максимално мотивирани, за на крајот на мечот резултатот да биде во наша полза. Да ги заборавиме тие два порази од стартот на квалификациите и со добро игри во Талин да си обезбедиме шанса во завршницата од овој циклус да се бориме за пласман на Евробаскет“, изјави Трајковски.

Македонските кошаркари ќе одржат три тренинзи во Скопје, по што „црвено-жолтата“ експедиција ќе патува за Талин.

Се вчитува...