Македонскиот скијач Бојан Трајковски освои сребрен медал на ЗОИ 2017 на Специјална олимпијада која се одржува во Австрија.
Трајковски на трката во Шладминг стигна до сребрето во супервелеслалом за почетници, заостанувајќи само 15 стотинки зад победникот Аргентинецот Хардинез.
Трајковски кој е единствен македонски претставник во Австриј, воден од својот тренер Јован Јовановски, ќе настапи и во дисциплината велеслалом. На Специјалната зимска олимпијада учествуваат 2.700 спортисти од 107 земји од светот.
Натпреварите се одржуваат во Грац, Шладминг и Дахштајн и тоа во девет дисциплини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА