Бојан Величковски ќе биде дел од првиот тим на МЗТ Скопје (ФОТО)

МЗТ Скопје во следната сезона ќе смета на услугите на 15-годишниот Бојан Величковски откако денеска „сино-белите“ го официјализираа договорот за стипендирање на младиот талент до неговото полнолетство.

Станува збор за 195 сантиметри крилен играч кој воедно е и дел од кадетската репрезентација на Македонија. Како потсетување, Величковски беше дел од МЗТ Скопје на пријателскиот турнир во Лесковац каде со неговите настапи го осигура и договорот со актуелниот шампион.

Се вчитува...