Бојан Велики израдува детенце фан на Абердин (ФОТО)

Еден од најдобрите македонски фудбалери Бојан Миовски продолжува со своите неверојатни партии во дресот на шкотскиот великан Абердин. Откако го матираше и Селтик, тој ја продолжи својата одлична форма и на денешниот меч против шкотскиот нисколигаш Бонириг Роус во Националниот куп на оваа земја. Македонецот за само осум минути во период од 17. до 25. минута постигна два гола кои на крајот беа доволни за триумф од 2-0 и четвртфинале во шкотскиот куп.

По натпреварот Миовски израдува и еден фан на неговиот тим откако му го подари дресот со кој играше на денешниот меч.

Се вчитува...