Бојиќ пред камбек во МЗТ Скопје?

МЗТ Скопје е на добар пат да го врати Андрија Бојиќ во своите редови, откако се стартувани преговорите за камбек на српскиот крилен центар во таборот на аеродромци.

Специјализираниот кошаркарски портал „Спортандо“ објави дека македонскиот шампион покажува сериозен интерес да го врати Бојиќ како засилување во борбата под рекетот. Србинот пред две сезони го носеше дресот на „металците“, во просек постигнувајќи по 16,3 поени и 5,9 скокови по натпревар.

Тој ланската сезона ја мина во романскиот второлигаш Волунтари, со овој тим обезбеди влез во романската елита, но летово ќе ги смени клупските бои.

 

Се вчитува...