Еден од најдобрите фудбалери на Струга ТЛ, Бесмир Бојку го продолжи договорот со клубот за уште две години, до 30 јуни 2028 година.
„Благодарение на волјата на двете страни, договорот е реализиран многу брзо, така што Бојку продолжува да биде дел од новиот проект на тимот под водство на тренерот Бледи Шкемби“ – информираат од Струга Тл.
Бојку се приклучи на стружани во летото 2021 година. Од тогаш одигра цели 133 натпревари во сите натпреварувања за Струга ТЛ, постигнувајќи 6 гола дополнети и со 16 асистенции.
„Продолжувањето на соработката е доказ за довербата што ФК Струга ја има во квалитетите на Бојку, кој веќе пет години ја игра улогата на лидер во дефанзивниот дел од средниот ред“ – дополнуваат од Струга ТЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
