Бојку: Против Ренова да покажеме дека не сме случајно во полуфиналето на Купот

Фудбалерите на Струга ТЛ со победа сакаа да ја затвората првата етапа од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Во денешното последно коло од есента, стружани на домашен терен ја пречекуваат Ренова. Еден од најдобрите фудбалери на Струга ТЛ, Бесмир Бојку е свесен дека ги чека тежок натпревар но, како што вели, се подготвени со победа да го заокружат првиот дел од сезоната и да покажат дека не случајно обезбедија место и во полуфиналето од Купот на Македонија.

„Ренова има квалитетен тим со играчи кои во секој момент можат да направат разлика, но ние покажавме дека со подобри тимови играме подобро и имаме сила за позитивни резултати. Се надевам дека денеска уште еднаш ќе докажеме дека не сме случајно во полуфиналето на Купот“ – вели Бојку.

Се вчитува...